Свет

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди границата на Мексико со Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди границата на Мексико со Гватемала

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на брегот на мексиканската држава Чиапас, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 75 километри, соопшти USGS, пренесе Ројтерс.

Мексиканската Национална агенција за цивилна заштита на социјалните мрежи објави дека ја следи ситуацијата, но дека нема извештаи за можни штети.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни