Свет

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер погоди делови од северна Калифорнија

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер погоди делови од северна Калифорнија

Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер погоди делови од Северна Калифорнија, разбудувајќи ги локалните жители. По земјотресот, илјадници домаќинства останаа без струја, објави Американскиот геофизички институт (USGS), цитиран од Асошиејтед прес.

Засега нема извештаи за повредени во земјотресот што се случи околу 02:34 часот наутро недалеку од градот Ферндале, на околу 340 километри северозападно од Сан Франциско.

По земјотресот, околу 55.000 домаќинства останаа без струја во областа.

Земјотресот доаѓа само неколку дена по друг, помал потрес – со јачина од 3,6 степени – во Ел Серито, на околу 25 километри од центарот на Сан Франциско, кој предизвика мала штета.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни