Свет

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Индонезија

Денеска земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на територијата на Индонезија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Да потсетиме, минатата недела во Мјанмар беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни