Балкан

Земјотрес во БиХ – почувствуван и во Хрватска

Земјотрес во БиХ – почувствуван и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди подрачјето на источна Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 20 часот и 3 минути на подрачјето на Невесиње, а е почувствуван и во поширокото подрачје на Херцеговина. Магнитудата на земјотресот во хипоцентарот бил 3,4 степени според Рихтеровата скала, додека јачината во епицентарот IV. степени на Меркалиевата скала.

Освен што ги вознемирува луѓето, ваквиот земјотрес не предизвикува сериозни последици. Спаѓа во групата на умерени. Се карактеризира со тоа што голем дел од населението го чувствува во семејните домови, а само одредени лица на отворени простори.

Се почувствува и во Хрватска, особено во дубровничката крајбрежна област. Најголем дел од пријавите дошле од областа Мокошице, пренесува Далмација Данас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни