Земјотрес затрупа рудари во Полска: Најмалку 17 повредени, еден реанимиран

Најмалку 17 рудари се повредени, од кои еден потешко, кога земјотрес го погоди рудникот за јаглен Биелшовице на југот од Полска, јави полската државна новинска агенција ПАП цитирајќи го портпаролот на сопствениот на рудникот ПГГ.

ПАП ги пренесе зборовите на портпаролот на ПГГ дека на сериозно повредениот рудар му била потребна реанимација, додека другите се здобиле со полесни повреди.

Агенцијата наведе дека земјотресот бил со јачина од три степени по Рихтерова скала, пренесе Ројтерс.

Сите рудари се префрлени од загрозеното подрачје, иако се уште не е јасно дали се извадени на површината, рече портаролот на ПГГ.

Извор: Сител телевизија