Македонија

Жан Митрев искеширал 1 милион евра како гаранција дека нема да бега

Жан Митрев искеширал 1 милион евра како гаранција дека нема да бега

Докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра во кеш во Основниот Кривичен суд во Скопје дека нема да избега од државата, соопшти денеска на брифинг со новинарите, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски. Против Митрев е отворена истрага под сомнение за измама на пациенти. Поради опасност од бегство на докторот и сопственик на приватна болница Жан Митрев во август му беше одземен пасошот. Според Бубевски, досега се сослушани 80 отсто од пациентите кои пријавиле дека се оштетени, објави Слободна Европа.

„Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот“, рече Бубевски на денешниот брифинг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни