Ждрепката за Евровизија е извлечена – еве Македонија кога ќе настапува

Објавен е списокот на учесници на двете полуфинални вечери на Евровизија, годинава во Торино, Италија.

Македонија ќе се натпреварува во втората полуфинална вечер под број 11.

Според податоците објавени од официјалниот евровизиски налог на социјалните мрежи, Македонија годинава ќе се најде во втората полуфинална вечер на натпреварувањето, на 12 мај во Торино.

Нашиот претставник ќе се бори за пласман во финалето со Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Србија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Во првата полуфинална вечер на 10 мај ќе се натпреваруваат Албанија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Украина, Бугарија, Молдавија, Португалија, Австрија, Грција, Норвешка и Ерменија.