Желбата на Фисник е да оди на училиште – децата со посебни потреби не можат да ги почитуваат протоколите

И лицата со посебни потреби ќе одат на училиште – ова е последната одлука на Владата со предлог на Комисијата за заразни болести. Меѓу училиштата кои ќе ги отвораат нивните врати за учениците е и училиштето „Иднина“ во Скопје. Родителите можат да изберат и онлајн настава. Поради стравот од пандемијата, мајката на 11-годишниот Фисник Фера избрала онлајн настава, иако единствената желба на нејзиниот син е да оди на училиште.

Се вчитува...

„За мене подобро е да одам на училиште. Така е подобро и полесно. Што треба да правам онлајн, да зборувам. Не, не сакам така“, вели Фисник Фера.

Но, неговата мајка Емине Фера вели дека не може да го испрати нејзиниот син на училиште бидејќи тој има потреба од придружник, а таа има уште две деца дома кои следат онлајн настава. Додава дека децата со посебни потреби имаат тешкотии при придружување до протоколите.

„Тешко им е да ги носат маските, не ги практикуваат правилата кои се потребни, затоа одлучивме за онлајн настава“, посочи Емине Фера.

Таа вели дека многу малку можела да ја следи наставата и да го прилагоди Фисник за да учи онлајн.

„Не можевме да ги замениме со часовите. Секое дете повеќе е фокусиран на наставата со учителката отколку со мајката. Бидејќи мајките имаат толеранција. Не верувам дека ќе се постигне потребниот ефект и ниво како на училиште“, додава Емине Фера.

За да го ангажира Фисник, неговата мајка Емине го шета на парк и го спортуваат неговиот омилен спорт – Боксот. Секој ден плаќа физикална терапија бидејќи терапијата која ја покрива државата е затворена веќе со месеци.

.

Извор: ТВ21