Жена се омажи за омилената розова боја по 40 години „запознавање“ (ВИДЕО)

Американка која е опседната со розово 49 години конечно се омажи за него, пишува Дејли Мирор.

Китон Кеј Сера е популарна како „најрозовaта жена на светот“ и се најде на насловните страници во 2018 година кога се дозна дека потрошила над 1 милион британски фунти за да го трансформира својот дом и гардероба во розова.

Сега направи уште еден чекор – Китон веќе се омажи за розовата боја со која е опседната уште од детството.

Свадбената церемонија се одржа на почетокот на јануари во Лас Вегас.

Таа беше облечена во розово, а пристигна во розев Шевролет и носеше розов прстен.

Подоцна на социјалните мрежи невестата сподели дека претходно се „запознала“ само со розовата боја, но после 40 години конечно решила да ја официјализира оваа врска со својот сакан.

„Се чувствував одлично и мислев дека ако ми е толку удобно во розово, зошто да не ја носам оваа боја секој ден“, вели таа.