Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца минувачи

Денеска, кај Камениот мост во центарот на Скопје, двајца случајни минувачи со навремена и храбра реакција извлекле жена од реката Вардар, со што спречиле можна трагедија.

Жената, на возраст од околу педесет години, била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана соодветна лекарска помош.

На местото на настанот интервенирале две екипи на Интервентната полиција, како и екипа на Итната медицинска помош.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни