Жена заработува од озборувања, изградила две куќи од „бизнисот“: Има тарифи за обични и „сочни“

На прв поглед изгледа дека Миријам (67) води затскриен живот, но вистината е поинаква.

Жителка на градот Ерменија во централна Колумбија тврди дека „озборувањата ги претворила во бизнис“, од каде изградила две куќи.

Според неа, таа собира информации за соседството не само од љубопитност, туку озборувањето е нејзиниот „главен извор на приход“, пренесува CdM.

Во видеото кое стана вирално, таа објаснува дека има посебни тарифи за озборувања. За обични озборувања наплаќа 5.000, а за „посочните“ 10.000 долари.

Нејзиниот метод е едноставен, како што тврди таа, и ефективен.

Секој ден седи пред куќата, набљудува што се случува и сè запишува во тетратка.

Таа нагласува дека не пропушта никаков детал, како вистински детектив, додека во куќата има „фотографии од соседи“ кои се вмешани во случаи на неверство, пренесува Lakalle Blu Radio.

Собраните „информации“ ги продава на оној што ќе понуди. Таа е многу барана, тврди таа, а луѓето често и плаќаат да не ги открива нивните тајни.

Оваа приказна предизвика жестока дискусија на мрежите. Некои сметаат дека тоа е комично, додека други истакнуваат дека таквото однесување може да предизвика сериозни последици.

Треба да се напомене дека тврдењата на Миријам не се потврдени, но најверојатно таа оставила трага во својата заедница.

@ladydaniellag Se hizo rica vendiendo chismes #ladydaniellag #zafirustudios ♬ sonido original – lady daniella g