Здравје

Жените кои имаат ваков облик на телото живеат подолго

Жените со пошироки колкови и тесен струк, т.н во облик на круша, имаат животен век од девет и пол години подолг од оние со широк струк

Истото е случај и со мажите, па оние со вишок масни наслаги на стомакот умираат и до 16 години порано од оние со стегнат стомак, пренесува „Дејли мејл“, резултатите од долгогодишното истражување на британскиот универзитет во Лондон.

Следејќи ја зависноста на животниот век од обликот на телото, научниците заклучиле дека салото на половината влијае на работата на органите и го поттикнува производството на хормони, што лошо влијае на крвниот притисок, холестеролот и шеќерот во крвта. Резултатот е поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар.

– Нов начин на пресметување на обликот на телото може да помогне за брзо откривање на потенцијално опасните маснотии во крвта, па многу лесно можете да одредите дали имате облик на круша или јаболко. Обемот на половината треба да се подели со висината, а најважно е ширината на половината да биде помала од половина од вашата висина. Обликот на телото треба да биде што е можно повеќе сличен на круша, а не форма на јаболко – објаснила д-р Маргарет Ешвил.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни