Разликите и недоразбирањата се големи помеѓу двете земји. Тоа го покажа дебатата на претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ за време на Минхенската безбедносна конференција. Иако имаат различни ставови и позициите во меѓусебните преговори ги гледаат од различни агли, сепак Тачи и Вучиќ се согласни дека односите помеѓу Косово и Србија не можат да се решат по примерот на Договорот од Преспа. Проблемот според претседателот на Косово е тоа што Србија не отстапува од своите позиции.
-Во Бриселскиот договор се наведува дека нема да има опструкции за приемот на Косово во други меѓународни организации. Сите се сеќавате што се случи што се случи за УНЕСКО и Интерпол. Поради тоа, како реакција Косово воведе такси. Ќе работиме напорно и сакаме да видиме флексибилност и креативност од страна на Белград. Се надевам дека во следните недели или месеќи ќе дојдеме до конечниот договор – изјави Тачи.
-Тој вели дека обврска на Србија е да не биде против влезот на Косово во различни меѓународни организации и институции. Тоа го кажа. Каде тоа го пишува. Еве го Бриселскиот договор. Достапен за сите. Никаде. Беше предложено, но не го прифатив. Затоа не стана дел од Бриселскиот договор. Не е напишано тука. Еве, дајте му на Тачи да пронајде каде пишува.Нема да го најдеш – изјави Вучиќ.
Возврати претседателот на Косово, кој изјави дека е лесно да се прави драма и да се глуми жртва. Тачи воедно додаде дека историјата не може да биде избришана, а историјата, како што вели, доволно зборува за тоа што им било направено на Албанците од страна на српската војска и полиција во текот на војната.
– Вучиќ сé уште не сфаќа дека јас сум претседател на суверена држава. Косово е суверена држава признаена од 160 различни држави. Имаме голема желба да седнеме и да разговараме за да постигнеме, не привремен, туку парманентен договор со кој ќе се постигне признавање за Косово и влеземе во Обединетите нации – рече Тачи.
Еврокомесарот Јоханес Хан на оваа размена на аргументи само констатираше дека се што работат, не е заради тоа тие да бидат задоволни, туку е во интерес на нивните граѓани.