Рускиот главен град Москва се проби на врвот по „делба“ на автомобилите откако властите се решија за поскапување на паркинг услугите, како и за намалување на капацитетот на паркинзите во центарот на градот.
Со тоа властите не само што сакаа да го решат проблемот со загадувњето на градот, туку и да ги поттикнат граѓаните да одат на работа со јавен превоз, велосипеди или пеш.
Москва има 12.5 милиони жители, а сега има акција со еден автомобил да се возат неколку лица. Властите исто така најавија дека во некои ситуации ќе бидат казнувани оние кои ќе се возат сами во автомобилите.
Според најновите пресметки, акцијата ќе го даде плодот бидејќи бројот на возила драстично се намалил, а бројката на корисниците на јавен превоз пораснал. Исто така на улиците се забележани се помалку автомобили управувани само од возачот.