Жителите пред вратата на градоначалникот, Смилевски ја адресира вината во МОН, Адеми негира

Како што беше кажано во синоќешната емисија, Клик Плус во Визбегово, така и се случи.

Денес во 10 часот, неколку жители дојдоа пред објектот на општина Бутел за да го прашаат градоначалникот, Велимир Смилевски, каде заглави процедурата за изградбата на училиштето во Визбегово.

Пред градоначалникот дојде советничката во Град Скопје, Халиде Палоши. Таа рече дека процедурата е заглавена во општина Бутел.

Н: Кој е виновен?

Општината има градоначалник со име и презиме.

По трет пат Ве прашувам, кој е виновен?

Општината.

 По неколку минути, пристигна и градоначалникот.

Тој ја префрли вината во МОН и изјави дека синоќешната изјава на министерот за образование во емисијата Клик Плус Одаја, не е вистина.

Градоначалникот вети дека до крајот на месецот ќе завршат сите потребни процедури од страна на општина Бутел.

Но министерот за образование, вчера во емисијата Клик Плус Одаја, рече дека чекаат одобрение за градба од општина Бутел за да почне изградбата на училиштето.

„Средствата се одвоени и се на располагање. Што стигне одобрувањето за градба вендаш објавуваме јавна набавка за изградба на училиштето.

За да ве разбереме добро јас и сите тука. Велите дека општината не дава дозвола, да, не?

Не дава“

Контиравме со министерот Арбр Адеми. Тој рече дека тоа што го изјави денес градоначалникот не е вистина. Додека да се реши кој е виновен за тоа што децата од Визбегово веќе 20 години немаат основно училиште, 800 ученици ќе продолжат да одат во другите околни училишта.

Извор: ТВ21