ЖИВА СУМ! – Авганистанска поп ѕвезда објави фотографија од авион по бегството од земјата

Авганистанската поп ѕвезда Арјана Саџид на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од бегството од земјата.

Саџид има 1,3 милиони следбеници на Инстаграм и во текот на годините добивала многу закани од луѓе кои веруваат дека нејзината музика, изглед и изведба се спротивни на авганистанската култура, пренесува Би -Би -Си.

Таа објави фотографија на Инстаграм со која се потврдува дека е безбедна.

На фотографијата може да се забележи како таа седи на подот во американски воен авион, заедно со други луѓе кои биле евакуирани од Авганистан.

Инаку, Талибанците вчера прогласија Исламски емират откако ја зазедоа целата земја, вклучително и главниот град Кабул.

Под фотографијата, Сајид напиша дека е благодарна на сите оние што и испратиле добри желби и кои ја делат нејзината надеж дека Авганистан ќе престане да биде мета на насилство.

„Добра сум и жива, и по неколку незаборавни ноќи, пристигнав во Доха, каде чекам лет за Истанбул“ – напиша таа.