Свет

Животот на кралицата Елизабета Втора во бројки

Животот на кралицата Елизабета Втора во бројки

По повод смртта на британската кралица Елизабета Втора, агенцијата Ројтерс прави резиме на животот на кралицата во бројки.

Таа беше 40-тиот монарх на Англија по Вилијам Освојувачот. Нејзиното владеење, кое траеше 70 години, 7 месеци и 2 дена, беше најдолго од било кој британски монарх. За тоа време таа потпишала над 4.000 закони.

Кралицата Елизабета Втора посети над 100 земји за време на нејзиното владеење. Во 2016 година, Бакингемската палата соопшти дека патувала најмалку 1.032.513 милји (1.661.668 km) до 117 земји. Елизабета Втора остварила најмногу посети на Канада.

За време на нејзиниот престој на тронот, Британија имаше 15 премиери, од Винстон Черчил до Лиз Трус. Во овој период, САД сменија 14 претседатели, а седум папи седнаа на Светата столица.

Елизабета II имаше четири деца, осум внуци и 12 правнуци.

Таа испратила повеќе од 300.000 честитки за луѓето кои наполниле 100 години и повеќе од 900.000 пораки до паровите кои славеле дијамантска свадба (60 години откако се во брак).

Елизабета II сакала кучиња и имала преку 30 корги и дорги за време на нејзиното владеење. Повеќето од нив се потомци на нејзините први корги, Сузан, кои ги добила кога наполнила 18 години во 1944 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни