Свет

„Жолтите елеци“ се вратија на улиците – нов судир со полиција

На првиот протест по новогодишните празници, полицијата и демонстрантите од движењето Жолти елеци се судрија на улиците на Париз. Протестот почна мирно, но во близина на брегот на Сена и градското собрание демонстрантите почнаа со камења да ги гаѓаат полицајците, кои возвратија со солзавец.

По судирите, полицијата ја мобилизира и единицата за сузбивање нереди. Граѓанското движење „Жолти елеци“ повика на нови протести ширум Франција, пред зградите на градските собранија во Париз, Лион, Бордо, Тулуз, Ница, Безансон и Клермон-Феран. Движењето кое беше формирано преку социјалните мрежи протестира од 17 ноември против државните политики. Денешниот собир беше прв по новогодишната пауза.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни