Свет

Жртвите на експлозијата во трговски центар во Ереван станаа пет

Жртвите на експлозијата во трговски центар во Ереван станаа пет

Бројот на жртвите од експлозијата во трговскиот центар во ерменскиот главен град Ереван во неделата достигна пет, откако спасувачите пронајдоа уште две тела во урнатините на една од зградите, соопшти ерменското Министерство за вонредни состојби, цитирано од ТАСС.

Според последните податоци, 17 лица се уште се водат како исчезнати. Бројот на жртвите е 60.

Засега нема официјални информации за веројатните причини за експлозијата. Она што е познато е дека во текот на денот во неделата дошло до експлозија во трговскиот центар Сурмалу, која предизвикала огромен пожар. Дел од една од зградите на центарот е практично уништен. Од пожарот експлодирал и магацин во кој се чувале пиротехнички материјали. Спасувачките екипи се уште се борат со пожарот, кој не е изгаснат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни