Македонија

Зимата не се предава: Дожд и снег во следните денови

Зимата не се предава: Дожд и снег во следните денови

Во следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Поради спуштање на ладна воздушна маса на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да поминуваат во дожд и снег, а на планините од снег.

Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

Во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни