На западот на Франција, во мал замок биле пронајдени златни парички од времето на кралевите Луј 13-ти и Луј 14-ти, објави аукциската куќа „Ивоар Анже“.
Од таму велат дека овие парички ќе бидат понудени на наддавање на крајот од септември.
Овие кралски златници биле пронајдени во 2019 година, но тоа беше објавено неодамна во јавноста.
Имено, една двојка одличиле дека е време за реновирање на замокот кој го купиле во 2012 година, а за време на работата, метална кутија со златниците е пронајдена внатре во еден од ѕидовите.
Сопственикот на замокот, Франсоа Мион рече дека ковчежето било вградена во камен ѕид и дека во него имало 239 златници и некои ретки предмети, во вредност од околу 15.000 евра.
Од Аукциската куќа се проценува дека најверојатно станува збор за некаква заштеда на тогашниот сопственик на замокот, а поред законот од 2016 година, парите од продажбата би биле поделени на два дела, односно едната половина ќе ја поделат тројца работници кои го откриле богатството, додека пак другата ќе им припадне на сопствениците на замокот.
Меѓутоа, според најновиот закон, археолошкото наследство е 100 отсто државно. Но, во овој случај, новиот закон нема да се применува бидејќи се зема предвид датумот на купување на замокот – 2012 година, а не датумот на пронаоѓање на богатството.
