Зоран Заев – „бомбаш – самоубиец“

Ова е првата изјава на наследникот на Бранко Црвенковски на Бихаќка. Во исто време Зоран Заев ја извршуваше и функцијата Градоначалник на Струмица, па го сврте и вниманието на јавноста.

„Се надевам дека токму овој воинствен изглед на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица најавува фер, воинствена политичка битка на нашата политичка сцена која што претстои во наредните месеци“, посочи Зоран Заев.

Бранко Црвенковски ја напушти СДСМ по разочарувањето и однесувањето на неговите најблиски соработници, кои не верувале во неговите одлуки. Според тогашни партиски брифинзи, Црвенковски знаел дека на тогашните локални избори ги очекува пораз, затоа што тогашната власт не можела да се порази со идеи и програма.

Зоран Заев од другата страна пак го очекува тазе реконструирана Влада, трета предводена од ВМРО-ДПМЕ и Никола Груевски, а тогаш ДУИ како коалиционен партнер. Па Заев го посети и Али Ахмети.

„Се согласивме дека денеска сакаме недвосмислено да ги испратиме позитивните пораки на добрите меѓуетнички односи и меѓучовечки односи пред се. И се надевам таа порака пред се и над се денеска од оваа средба ќе биде испратена“, додаде Зоран Заев.

Многу време немаше. 10 месеци по неговиот избор за нов лидер на СДСМ, Заев се соочи со првите парламентарни избори. Одржани на 27-ми април 2014 година. ВМРО-ДПМНЕ освојува 43%, СДСМ 25%, ДУИ 14%, ДПА 6%.

„Кога пребројувањето на гласовите од денешниот изборен ден не е ниту започнато, излегувам пред вас да ви го соопштам нашиот став. Социјал-демократскиот сојуз на Македонија и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес, ниту за парламентарни избори, ниту за избор на претседател на државата“, вели Зоран Заев.

Партијата ја водеа заедно со Радмила Шекеринска. Во 2015 година добива поддршка за започнување на проектот „Вистината за Македонија“

„Од денеска СДСМ и опозицијата го започнува проектот „Вистината за Македонија“. Целта е единствена да ја вратиме слободата и демократијата во РМ, да ги вратиме Европските вредности. Оваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го отпочнуваме за враќање на слободата и демократијата“, порача Зоран Заев.

Со првиот „плотун“ Зоран Заев го пласираше тврдењето дека Управата за безбедност и контразаузнавање (УБК) е претворена во прислушкувачки монструм, чија мета биле над 20.000 граѓани. По ова, Заев добива епитети од опозицијата, дека е национален предавник, издавач на државна тајна. Пораката е дека тој мора да биде уапсен.

„Денес е поднесена кривична пријава за неколку лица, меѓу кои и лицето З.З за сторено кривично дело шпиунажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи“, истакна Никола Груевски.

МВР го апси Зоран Верушевски поранешен директор на ДБК за нелегално поседување оружје и детска порнографија. Македонија влегува во политичка криза.

Започнува брутална пресметка со неистомисленици, договорени апсења, провизии и рекет. Се бара, оставка од тогашната Влада, формирање на техничка Влада и предвремени избори. Се ова, преку протести и немири низ улиците во Скопје и градови низ Македонија.

Кризата заврши преку преговори во посредство на меѓународната заедница и постигнувањето на Договорот од Пржино, по што Македонија оди на избори во 2016-та година, а т.н „бомби“ завршуваат во специјално формирано јавно обвинителство на чело со Катица Јанева.

ВМРО-ДПМНЕ освојува 38%, СДСМ 37%, ДУИ 7% од гласовите. Груевски иако победник, не успеа да формира Влада, па мандатот завршува во рацете на Зоран Заев. Со помош на ДУИ, Беса и коалицијата Алијанса за Албанците. Талат Џафери се избира за претседател на Собранието, а над 300 демонстранти вршат упад во законодавниот дом.

Тогашниот претседател Иванов бараше и писмена гаранција од мандатарот за зачувување на унитарноста на државата. По рекорди 171 ден од завршувањето на изборите, Македонија добива нова Влада.

Во новата Влада, претходниот премиер успева да избега од правдата, барајќи политички азил во Унгарија. Следната 2017-та година се организираат локални избори кои ги добива СДСМ, а потоа се организира и референдум со кој се менува името на државата. Под новото Република Северна Македонија обезбедивме место во НАТО Алијансата, а го решивме и деценискиот спор со Грција.

„Дека октомври, ќе биде октомври. И таму стои, no later than October, не подоцна од октомври. Ја добивме писмено-правна формална гаранција“.

ТВ21: Имавте една изјава пред неколку месеци дека не добиеме датум, има писмени гаранции кои што сте ги добиле, ме интересира од кои се тие писмени гаранции и дали сега ќе ги активирате?

„Јас сум изјавил дека има писмени гаранции? Ако сум зборувал за нешто писмено, е тоа што е писмено вградено во договорите од Преспа, каде што се поглавјата, тука Европа е вградена. Затоа што таа учествуваше со нас“.

Во 2019 година Стево Пендаровски поддржан од СДСМ станува претседател на државата. Специјалното-јавно обвинителство се распадна, а најголемата надеж Катица Јанева заврши во затвор. Останаа неколкуте активни судски предмети иницирани од прислушкуваните разговори.

Новиот проблем на патот кон ЕУ доаѓаше од нашиот друг сосед, Бугарија. Светот ја зафаќа пандемијата од Ковид-19, но се постигнува консензус дека треба да се одржат предвремени парламентарни избори. Новата Влада повторно ја создава Зоран Заев, но датум за ЕУ не добиваме. Пандемијата продолжува да биде дополнителен проблем.

Големата трагедија во Тетово и неотпочнувањето на преговори со ЕУ на овогодинешните локални избори му носат казна на Зоран Заев. По што, тој донесе одлука да се повлече.

Извор: ТВ21

Поврзани вести

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до...

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал пред помалку од половина час, а на терен веќе се...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните и североисточните планински региони ќе има појава на локален снег....

Најважното

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.