Зорана ги исплука Бака Прасе и неговата девојка, па брзо го избриша видеото

Инфлуенсерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах, во својот нов влог изјави дека и било многу непријатно на вечерата на која наводно присуствувала со Богдан Илиќ (Бака Прасе) и неговата девојка Ања Благојевиќ.

Според тамошните медиуми, Зорана, Бака Прасе, Ања, како и Адријана Кадар и Сава Џехверовиќ, на 6 ноември биле на вечера во ресторан во главниот град, пред нивниот одмор во Доминиканската Република.

После тоа, Зорана снимила видео во кое вели дека и било „крајно непријатно“ на вечерата. Сепак, таа брзо го отстрани видеото од социјалните мрежи.

Дел од нејзината објава остана на Твитер, а тој твит почна масовно да се шири минатата недела.

„Имаше одредено ниво на непријатност на вечерата, не можам да ви објаснам… Но, ајде, нема да зборуваме за тоа“, рече Зорана.