Француската модна марка е позната и се издвојува по емблематскиот крокодил во своето лого, но еден брз преглед на социјалните мрежи открива дека Lacoste го заменува крокодилот со…коза?
Зошто е направена промената? Пред почетокот на US Open, Lacoste го слави својот амбасадор Новак Ѓоковиќ, трансформирајќи го емблематскиот крокодил на марката во GOAT (Најголемиот на сите времиња), со што започнува ексклузивна капсулна колекција.
Симболичната промена е наречена „Од крокодилот до козата“. Новак Ѓоковиќ е амбасадор на Lacoste повеќе од 8 години и според брендот, ја отсликува таа супериорност која заслужува вакво чествување.
Новата колекција
Колекцијата GOAT се состои од пет емблематски артикли – поло маица, тениска, тренерка, капа со визир и панталони, секој од нив гордо го носи ексклузивното лого. Оваа лимитирана капсулна серија се нуди во избрани земји ширум светот, соопштија од брендот.
Сметан за најголемиот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ држи непревазидени рекорди: 24 титули на Грен слем – најмногу освоени од маж, најголем број недели на светската ранг-листа, како и најмногу победи на Грен слем натпревари. Тој исто така држи рекорд за победи на Мастерс 1000 турнири и останува единствениот играч кој секој од овие престижни турнири го освоил најмалку двапати.
