Пред неколку години постоеше една иницијатива за тоа да се крстат две улици во Софија по претседателот Борис Трајковски, поради тоа што чествуваше заеднички Илинден, и Жељу Желев во Скопје затоа што тој беше претседател кој прв ја призна Македонија и ни помогна во тешките времиња под ембаргото од Грција каде овозможи Коридор за нафта да доаѓа во Македонија.
Во 2017 година исто така тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов кажуваа дека истото ќе се направи, но оваа иницијатива до ден денес не се случи.
На ова прашање вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ дебатиравме со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој смета дека тоа се уште не е идеја за отфрлање
„Веројатно требала да се реализира до сега, но имавме една негативна динамика во последниве две години во однос на односите со Бугарија, која за жал не доведе до оваа точка“, вели Маричиќ.
Тој смета дека со новиот пристап и со посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Македонија се отворила врата и за вакви убави гестови кои ќе ги приближат двата народи.