Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот.
Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете и се тресеа толку многу што грашокот од чинијата се тркалаше на подот и супата истекуваше од лажицата.
Синот и снаата не можеле да и помогнат, но биле изнервирани од нередот што го правела.
И еден ден рекоа: „Што е многу, многу е“, па и поставија масичка во едно ќоше покрај плакарот за метли и ја оставија сама да ги јаде сите оброци таму.
За време на оброкот ги гледаше од другиот крај на собата, со очите полни солзи, но тие речиси и не разговараа со неа, освен шта ја карале кога ќе и испадне лажица или вилушка.
Една вечер, непосредно пред вечерата, мало девојче седеше на подот и си играше со коцки.
„Што правиш?“, зачудено прашал татко ѝ.
„Правам мала маса за тебе и за мама. За да можете сами да јадете во аголот кога ќе сум голема”, рече девојчето со насмевка.
Таткото и мајката останаа занемени и се чинеше дека тоа трае цела вечност. И тогаш почнале да плачат – во тој момент станале свесни за тоа што направиле и за тагата што ја предизвикале.
Таа вечер ја вратија старицата на вистинското место на големата трпеза и од тој ден таа секогаш јадеше со нив.
И кога парче храна паднало на масата или вилушка залутала на подот, се чинеше дека на никого повеќе не му беше грижа.
