Зошто се амнестира криминалот? Законот за амнестија, мешање во работата на Обвинителството

Ова го изјави премиерот Заев пред пет месеци на лидерската средба. Го обвинуваше неговиот политички ривал, Христијан Мицкоски, дека во замена за поддршка на Преспанскиот договор, бара амнестија за вклучените во настаните од 27 април.

Барањето на Мицкоски за амнестија, пред 5 месеци го нарекуваше срамно, а денеска со иницијатива од страна на Премиерот, се амнестираат лица кои учествувале во крвавите настани од 27 април, меѓу нив и пратеници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со чии гласови полесно се постигна  2/3 мнозинство за уставните измени.

Се вчитува...

Малку време откако Заев повика за подавање рака за помирување, Собранието формираше тело за помирување и беше составен закон за амнестија. Истиот предвидува организаторите, насилниците и креаторите, да не се амнестираат. Сепак претставува мешање на политиката во правдата, смета поранешниот обвинител, Трендафил Ивановски, бидејќи по законски пат, им се кажува на судот и обвинителството што треба да направат.

Целта на сето ова се знае, вели Ивановски –  да се даде зелено светло на Преспанскиот договор, да се промени Уставот, нешто што ќе и го отвори евроатланскиот пат на Македонија. Од друга страна, адвокатот на дел од обвинетите за настаните од 27 април, Звонко Давидовиќ, вели дека Законот за амнестија е политичка одлука, која нема да даде правен одговор и нема да има вистински правен епилог за 27 април.

Како овој закон ќе влијае врз работата на обвинителството? На ова прашање, минатата недела, обвинителката, Вилма Рускоска одговори со кревање на рамениците.

Обвинителката Рускоска и јавно призна дека не е задоволна од Законот за амнестија, кој го смета за непрецизен. Меѓутоа и да сака, обвинителството не може да одлучи никој да не биде амнестиран, бидејќи тоа, според Рускоска, претставува прекршување на законот. Одлуката за тоа кој ќе биде амнестиран а кој не, треба да ја донесе судот, кој претходно треба да добие мислење од обвинителството.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21