Самит на Г7: Прифатен предлогот на САД за заем од 50 милијарди долари за Украина, ќе бидат искористени замрзнати руски средства

На првиот ден од Самитот на Г7 кој се одржува денеска во Борго Ењација во Италија, е прифатен предлогот на САД за заем од 50 милијарди долари за Украина, со тоа што ќе бидат искористени замрзнати руски средства.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поздрави шефовите на државите-членки на Г7, велејќи дека сака пораката на состанокот да биде дијалог со глобалниот југ и единство.

Италија, која е домаќин на самитот, покани неколку африкански лидери, меѓу кои алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун, кенискиот претседател Вилијам Руто и тунискиот претседател Каис Саид, за да се унапреди италијанската иницијатива за развој и миграција на континентот.

Меѓу другите гости се украинскиот претседател Володимир Зеленски, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното