Македонија

10 пожари низ Македонија, два се се уште активни

10 пожари низ Македонија, два се се уште активни

До 16:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, два пожари се сè уште активни, додека осум се целосно изгаснати.

Активни пожари:
Општина Сарај: помеѓу селата Грчец и Шишево (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Радовиш: село Калаузлија (старо дрво).

Изгаснати пожари:
Општина Шуто Оризари: ул. „Индира Ганди“, позади хотел „Њу Стар“ (ниска вегетација);
Општина Карпош: кај Железничкиот мост кон Злокуќани (ниска вегетација);
Општина Петровец: село Огњанци (нива);
Општина Кичево: село Премка (ниска вегетација и стрниште);
Општина Кичево: ул. „Методија Стефаноски“ (стрниште);
Општина Куманово: месност „Пармакови Ниви“ (ниска вегетација);
Општина Неготино: село Црвени Брегови (стрниште);
Општина Лозово: село Дорфулија (нискостеблеста вегетација и трева).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни