Свет

11-годишно момче пронајдено живо по 76 часа во урнатините во Венецуела

11-годишно момче пронајдено живо по 76 часа во урнатините во Венецуела

Среде огромната трагедија што ја предизвикаа разорните земјотреси во Венецуела, пристигна и една охрабрувачка вест. Дописничката на Sky News, Марта Келнер, беше сведок на неверојатна спасувачка акција во која 11-годишно момче беше извлечено живо од урнатините по дури 76 часа поминати под рушевините во најтешко погодениот регион Ла Гваира.

Спасувачите со часови внимателно ги расчистувале урнатините, а моментот кога момчето било извлечено живо предизвикал силни емоции кај присутните. Неговото спасување внесе нова надеж дека и по повеќе од три дена од катастрофалните потреси сè уште е можно да се пронајдат преживеани.

Според хуманитарните организации, иако првите 72 часа се сметаат за најкритични по вакви катастрофи, преживеани можат да бидат пронајдени и подоцна доколку имале пристап до воздух, вода или минимални услови за преживување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни