На 29.12.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода М.А.С.(45) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Б.Д.(30) и Џ.Д.(34), двајцата од Радовиш, затоа што кај нив биле пронајдени и одземение марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 на ул.„Кузман Јосифовски“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода З.С.(26) и Д.А.(38), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.12.2022 во 23.05 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода С.Ф.(18) од с.Колибари, кичевско и А.Р.(21) од с.Ново село, кичевско, затоа што при преглед кај нив, кај С.Ф. била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.П.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.