12.500 лица останале без работа како последица од ризата со корона вирусот, покажува последниот економски извештај на владата. Ова за ТВ21 го открива вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„Последните информации од пред 3 дена е дека со затворање на месец август поради пандемијата Ковид во Македонија, загубени се 12.500 работни места.“, рече Битиќи.
Со мерката за минимална плата од 14.500 денари, Битиќи вели дека се спасени околу 140 илјади работни места во приватниот сектор. Вели дека извештајот за вториот квартал на 2020 нема добри вести за домашната економија.
„Реално вториот квартал е доста лош, во смисла што имаме пад од минус 12.7% од БДП. Нашата проекција беше дека ќе имаме пад од 15%, сега споредувајќи со поместувањето, со растот или падот кај државите на ЕУ, но и државите од Западен Балкан, мислам дека сме многу блиску до развиените земји.“, изјави Битиќи.
Владата веќе подготвува четврт пакет антикризни мерки. Колку ќе тежи овој пакет, Битиќи не даде конкретни бројки, бидејќи како што вели, се уште се правата планови за буџетот. Истото го тврди и министерот за економија, Крешник Бектеши додавајќи дека Министерството за економија се уште ги реализира мерките од третиот пакет.
„Третиот економски пакет надмина 300 милиони евра. Јас сум убеден дека и тие кои се планирани, ќе почнат во септември или октомври, значи станува збор за сума од над 550 милиони евра посветени на бизнисот во РСМ. Сигурно сите мерки не се реализирани 100% бидејќи тоа се мерки кои на транспарентен начин се реализираат, и граѓаните имаат можност да ги искористат или не, како што е случајот со платежните картички.“, изјави Бектеши.
Додека новиот вицепремиер и министерот за економија се фалат со тоа што го презела владата за спасување на бизнисот, претседателката на сојузот на стопанските комори, Данела Арсовска, не е задоволна со помошта за компаниите чија состојба е значително влошена.
Бизнисот е засегнат многу од кризата со пандемијата така што не е во состојба да ги покрие ниту месечните трошоци, ко се продлабочуваат во долгови, тврди Арсовска, додавајќи дека очекува со 4 пакет на компаниите да им се овозможи директна финансиска поддршка, особено тие кои се принудно затворени, а ќе се овозможи и бескаматен кредит.
.
