Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, 29 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени двајца возачи кои биле под дејство на алкохол, осум возачи кои возеле пред да се стекнат со право за управување со возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и седум нерегистрирани возила.
Се вчитува...
Сообраќајната полиција издала 88 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 70 возила
