Поминаа шест дена. ОЈО се уште не ги собрало сите извештаи од надлежните институции од автобуската несреќа кај село Ласкарци. Познато е дека само МВР ги доставило, во Обвинителство, скицата и фото документацијата и списите од несреќата од 13 февруари. Се уште се чека да се достави записникот од направениот увид на местото на настанот.
„Би била шпекулација сега однапред да се каже до кога би траела истрагата како што и јавноста е свесна станува збор за еден трагичен настан со прилично обемен карактер. Има поголем број на сведоци и очевидци кои што треба да се испитаат“, изјави Елизабета Недановска од ОЈО.
Јавното обвинителство не дава точен датум за тоа кога ќе заврши постапката. Се очекува оваа недела да сведочат повредените и возачот.
„Ќе бидат сослушни сите лица како и повредените и сите што биле патници овој автобус и очевидци на настанот. Оваа недела ќе биде сослушан и возачот на автобусот како еден од лицата кои беше повреден но и учесник во сообраќајната несреќа“, додава Недановска.
Во меѓувреме Машинскиот факултет во Скопје го подготвува извештајот за техничката безбедност на автобусот во моментот на несреќата.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА