Четиринаесетгодишен малолетник од Велес бил пронајден и лишен од слобода откако управувал мопед во спротивна насока и побегнал од полициските службеници.
Случајот се случил на 1 септември околу 10 часот на улицата „11 Октомври“ во Велес. Полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движел во спротивна насока.
Кога возачот ги забележал полицајците, го паркирал мопедот и побегнал од местото.
По преземените мерки и извршените проверки, полицијата утврдила дека со мопедот управувал 14-годишен малолетник од Велес.
Со него бил извршен службен разговор во присуство на негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес.
Мопедот бил одземен, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.