Македонија

15.020 учесници трчаа откако градоначалникот со пиштол, а министерот со вувузела означија старт на скопскиот маратон

15.020 учесници трчаа откако градоначалникот со пиштол, а министерот со вувузела означија старт на скопскиот маратон

Рекордни 15.020 учесници денеска трчаат на „Виз ер Скопски маратон“, исполнувајќи ги скопските улици со натпреварувачка атмосфера и илјадници посетители кои ги бодрат маратонците.

Стартот на маратонот утрово беше означен во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и претставници на Град Скопје, од каде беше испратена порака за истрајност, заедништво и верба во сопствените можности.

Од Град Скопје посочуваат дека годинашното издание бележи рекордна бројка на учесници и дека секој од нив трча со сопствена цел, мотивација и лична приказна.

„Со секој нивен чекор, заедно ја пишуваме најубавата спортска приказна на нашиот град“, се наведува во објавата.

Град Скопје, како покровител на манифестацијата, најавува целосна поддршка за успешно одржување на маратонот, со заложба оваа спортска манифестација и во иднина да продолжи да расте.

До скопјани е упатен и повик со аплауз и бодрење да им дадат дополнителна поддршка на натпреварувачите долж трасата.

„Денес секој чекор заслужува аплауз, секоја лична победа заслужува почит. Напред, маратонци! Скопје е со вас!“, се додава во пораката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни