Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

15-годишен малолетник донесен во болница со повреди од остар предмет, кажал дека ненамерно и низ игра бил повреден!

15-годишен малолетник донесен во болница со повреди од остар предмет, кажал дека ненамерно и низ игра бил повреден!

На 25.07.2026 во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден  во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни