17-годишен малолетник уапсен со 200 кесички марихуана

На 27.02.2025 околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана.

Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното