Македонија

17 годишна девојка од тетовско осомничена дека го убила 16 годишното момче кое вчера беше пронајдено во река

17 годишна девојка од тетовско осомничена дека го убила 16 годишното момче кое вчера беше пронајдено во река

17 годишна девојка од тетовско е осомничена дека со тврд предмет го нападнале 16 годишното момче кое вчера беше пронајдено мртво во водите на река Пена.

Како што дознава 4NEWS.mk од неофицијални информации, момчето и девојката биле во љубовна врска. Од полицијата потврдуваат дека вчера во 14 часот е извршен разговор со девојката.

„Извршен е службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Таа се сомничи дека со тврд предмет го нападнала 16-годишниот малолетник од с.Ново Село, општина Желино, кој вчера во 07.10 часот беше пронајден починат во водите на река Пена на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово“, велат од СВР Тетово.

Од таму додаваат дека во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со  17-годишен малолетник од Тетово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни