17-годишното момче од Волково во критична состојба по струјниот удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

Состојбата на 17-годишното момче од Волково, кое вчера доживеало струен удар додека било качено на цистерна-вагон, е критична, потврдија попладнево за МИА од Ургентниот центар.

„Пациентот беше примен преку Ургентниот центар со изгореници и се наоѓа во критична состојба. Тој е хоспитализиран на интензивна нега, каде медицинските тимови прават максимални напори да му ја пружат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи“, изјавија од Ургентниот центар.

Инцидентот се случил вчера на пругата во општина Кисела Вода, кога момчето било качено на цистерна-вагон и доживеало струен удар. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), цистерната се запалила, а момчето било пренесено со возило на Итна помош во Ургентниот центар.

Според МВР, настанот се случил во 14:55 часот, а момчето има 17 години

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното