Свет

2.379 луѓе веќе се жртви на земјотресите во Турција, над 14.000 се повредени

2.379 луѓе веќе се жртви на земјотресите во Турција, над 14.000 се повредени

Турската служба за вонредни состојби извести дека бројот на загинатите како последица од земјотресот во земјата се искачи на 2.379, пренесе агенцијата Франс прес.

Според податоците на службата, во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што се случи синоќа во Турција и проследен со близу 150 последователни потреси, се повредени 14.483 лица, а уништени се 6.217 згради.

Турција вчера ги спушти на половина копје националните знамиња во земјата и во дипломатските претставништва во странство во знак на 7-дневна жалост за жртвите од разорните земјотреси во Кахламанмараш.

Зимското, уште не осамнато утро на 6 февруари ја одбележа една од најголемите трагедии на турскиот век.

Во 4 часот и 17 минути, земјотрес со јачина од 7,7 степени, со епицентар во селото Пазарџик, област Кахраманмараш, го потресе регионот на Југоисточна Анадолија. Земјотресот, кој траеше околу 40 секунди и чија моќ, според експертите, е еднаква на 130 атомски бомби, однесе животи на илјадници луѓе, предизвика огромни разурнувања, милиони луѓе остави без засолниште во вкупно 10 области – Хатај , Малатија, Газиантеп Адана, Сулејманије, Килис со над 5 милиони .души население.

Девет часа подоцна, во 13 часот и 23 минути, регионот на Кахраманмараш го потресе втор силен земјотрес со јачина од 7,6 степени, со епицентар во селото Елбистан.

Владата прогласи четврти степен на опасност и повика на меѓународна помош. Турските вооружени сили изградија воздушен транспорт до зоните на земјотресот за транспортни авиони кои доставуваат помош. Повеќе од 3.500 војници од различни воени гранки учествуваат во спасувачките операции рамо до рамо со повеќе од 9.000 спасувачи од Афад (турската владина агенција за одговор при катастрофи и кризи).

Пред шаторите на Црвената полумесечина се кренаа долги редици крводарители за повредените.

Во реонот на катастрофата продолжуваат последователните потреси.

Размерите на трагедијата се ужасни. Се зголемува бројот на жртвите. Од 00:30 часот по локално време турскиот потпретседател Фуат Октај објави дека бројот на жртви се искачи на 2.379, над 14.000 се повредени, а уништени се 6.217 згради.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни