СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 23.10.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „Таурус“ со калибар 9 мм и рамка за пиштолот.