Македонија

21-годишник од Пехчево поттикнал малолетник да украде картичка од дедо му, подигнале 156.000 денари

21-годишник од Пехчево поттикнал малолетник да украде картичка од дедо му, подигнале 156.000 денари
Фото: 4news.mk

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при што на оштетениот му нанеле вкупна материјална штета во вредност од 156.000 денари.   

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни