Македонија

21 век е, а Јаболчиште без вода и канализација – Заборавени предизборните ветувања

Во синоќешната емисија „Клик Плус-одаја“, жителите од селото Јаболчиште, општина Чашка ги раскажаа нивните маки и проблеми. Најголемиот проблем, како што велат, е тоа што во 21 век немаат ниту вода, а ниту канализација.

-Најголемиот проблем во Јаболчиште е што 70% од жителите немаат вода, ниту преку ден, ниту преку ноќ. Сами изградивме пречистителна станица за вода, но таа не е доволна бидејќи бројот на жителите расте. Бараме од општината одговор зошто е прекината работата со водоводната мрежа и зошто ние мора да страдаме поради тоа?-прашува жител на Јаболчиште.

Иако имаат пратеник од нивното село, сепак, велат дека се разочарани од ветувањата на политичарите, кои останале само празни зборови.

-Каде е Дамјан Манчевски? Каде се министрите кои ветуваа? Каде е Оливер Спасовски? Ветуваа за селото. Каде се министерствата, тие ги имаат финансиите? Јас наполнив 60 години, а вие не можете да посипете 1 км пат. На кафе не можам да излезам бидејќи ми велат дека сум лажго, оти им велев дека ќе го одржат зборот. Сега народот многу добро гледа. Агим ниту една вреќа цимент не донесовте за 3 илјади жители-

Пратеникот Агим Муртезани, телефонски се вклучи во емисијата и говореше за прашањето со водоводната мрежа.

-Првата фаза заврши успешно. Втората фаза ја презема друго претпријатие, но го раскина договорот со Министерството за транспорт и врски. Не знам која е причината-рече Муртезани.

Првиот човек на општина Чашка, Горан Стојановски, пак, рече дека во текот на следната година овој проблем ќе биде надминат и жителите ќе бидат снабдени со вода.

Жителите велат дека секогаш пред некој изборен циклус, политичарите им ветуваат подобрување на стандардот и условите за живот, меѓутоа, како што тврдат, овие ветувања останале во заборав.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни