Земјотрес со магнитуда од 2,2 е регистриран денеска, 29 октомври, во 14:41 часот по локално време, во охридскиот регион.
Според податоците на Институтот за геонауки при Политехничкиот универзитет во Тирана, прикажани на картата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил на 13 километри североисточно од Охрид.
Потресот е регистриран на длабочина од 15 километри, на координатите 41,187 степени северна географска ширина и 20,923 степени источна географска должина.