23-годишниот Кристијан од Кочани се бори за живот во Хрватска – потребна е итна помош

Младиот Кристијан (Кико) Сребреновски, 23-годишен жител на Кочани, моментално се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот во болница во Ријека, Хрватска, откако му бил дијагностициран карцином на тестис со метастази во главата.

Во изминатиот период Кристијан бил подложен на три комплицирани операции, а неговото семејство, кое постојано е покрај него, веќе е исцрпено финансиски. За продолжување на лекувањето и можност за негов транспорт во Македонија, потребна е итна помош од сите хумани граѓани.

„Луѓе, ајде да му дадеме шанса на Кико наредниот август, како што планираше, да биде горд младоженец,“ стои во апелот кој се шири на социјалните мрежи.

Уплата на донации може да се изврши на следната трансакциска сметка:

HALKBANK: 270-7000735102.35
IBAN: MK07270700114145184
SWIFT: ЕХРСМК22

Секој придонес, без разлика на износот, може да значи нова надеж за младиот Кристијан и неговото семејство.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.