Македонија

26 години Општина Могила

26 години Општина Могила

Денес одбележуваме 26 години постоење општина Могила.
По тој повод беа одржани неколку свечености:
– Свечена седница на Советот на Општина Могила.
– Заедно со Советот и општинската администрација положивме свежо цвеќе на спомен бистите на значајни личности од историјата на Могила како што се Димче Могилчето, Цветков Парашкев, Захарија Василева Шумљанска и Иљо Лопатички.
– Главната свеченост започна со интонирање на химната на Република Македонија, рецитал изведен од учениците од трите основни училишта, а потоа членовите на играорните групи ја збогатија програмата со изведба на македонски ора и песни.

Советниците доделеја благодарници на истакнати личности и фирми кои изминатава година се истакнаа во своето работење и дадоа голем придонес за напредокот на Општина Могила во повеќе сегменти.

Наградата 12-ти септември беше доделена за изработката на идејното решение за грбот на Општина Могила.

Во 1997 година, Мишко Саботковски ги изработил идејните решенија, посебно за грб и посебно за знаме без никаков надомест. Денес грбот на Општина Могила како симбол на општината е нашироко прифатен, посебно кај нашите иселеници.

May be an image of 7 people, people sitting, people standing and indoor

Претседателката на Совет Маргарита Груевска додели благодарници за освоени награди и признанија, за учеството на многубројни училишни натпревари и постигнатиот одличен успех, на најдобрите ученици во генерација.

Сакам на сите да ви се заблагодарам за соработката, поддршката и придонесот кон општина Могила.

Градиме чекор по чекор, работиме транспарентно и одговорно, а наша единствена цел е целокупен развој на општина Могила и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.
Твориме заеднички и секојдневно придонесуваме општина Могила да ја направиме подобро место за живеење на сите жители.

Во оштина Могила живеат луѓе кои си го почитуваат својот идентитет, јазик, култура и историја, и така горди со своето минато со сите сили ќе настојуваме да го сочуваме и да го пренесеме аманетот на идните генерации.

Нека ни е честит и за многу години 12-ти септември празникот на Општина Могила.

Да живее Општина Могила!
Да славиме уште многу години!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни