Свет

26 тони била тешка настрешницата која се сруши во Нови Сад

26 тони била тешка настрешницата која се сруши во Нови Сад

Во 11:58 е пријавен инцидентот, за 10 минути сите екипи биле на местото каде што се друши насрешницата на желеничката страница во Нови Сад. Ова утрово во интерву за РТС го изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи.

„Спасувачите измериле дека околку едно лице кое го спасија, измериле дека тежината само на тој дел била 26 тона. Спасувач го ризикуваше својот живот, влезе под урнатините и на една од преживеаните и даде малку вода и инфузија додека цело тоа го подигнеме и спасиме. Тоа можеше да се сруши и врз спасувачот“, изјави утрово министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Министерот потенцираше дека на едно лице кое се уште е хоспитализирано, ампутирани му се двете нозе.

„На лице место се вршеше ампутација за да се спаси живот. Тоа беа тешки телесни повреди поради тежината на самата конструкција“, додаде Дачиќ.

Тоа беа првите моменти за спасување, сега веќе работиме на одговорност.

„Јас не можам сега тоа да го кажам, истрагата ја води обвинителството, тоа што е јасно е дека по налог на претседателот (н.з Алекансар Вучиќ) потребна е политичка и кривична одоговност. По налог на обвинител, синоќа во полициската станица во Нови САД сослушавме 20-тина луѓе. Никој не е задржан во моментов, тоа беа први разговори кои ги направивме“, додаде српскиот министер на внатрешни работи.

Меѓу сослушаните биле и инженери кои работеле на настрешницата.

Во текот на денот уште 5 лица се повикани на разговор во полициска станица.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни