Доколку сте меѓу оние дами кои веќе почнаа внимателно да го подготвуваат празничниот стајлинг со кој ќе влезат во новата 2022 година, време е да размислите за најважниот последен детаљ – фризурата.
Познато е колку убаво обликуваната коса придонесува за целокупниот изглед, а досега дознавме дека не ни е потребна скапа посета на козметички салон за совршена фризура.
Ви претставуваме три брзи и лесни, а толку елегантни фризури, идеални за новогодишната ноќ!
Доколку вашата коса е со средна должина или многу долга, тие се совршен избор за вас, а во секој случај на вашиот изглед ќе ја дадат потребната доза на елеганција и свеченост, како што доликува на оваа прилика.
Во видеото погледнете како се направени, одберете една од трите понудени и блеснете на новогодишната ноќ!
