Рускиот суд ја казни платформата за социјална мрежа Твитер со 3 милиони рубљи затоа што не ја отстрани забранетата содржина.
Казната во износ од околу 41.000 долари е изречена откако Твитер не ја избриша содржината што беше забранета во Русија, вклучително и објавите со упатства за правење молотови коктели.
Според веста на агенцијата Интерфакс, Русија од истата причина претходно го казнила Гугл со иста сума.
